ООУ Гоце Делчев - Неготино
  • Почетна
  • Новости
  • Историјат
  • Наставен кадар и раководство
  • Натпревари
  • Контакт
  • Линкови
  • Галерија
  • Документи
  • Архива
  • Проекти

Вајарски натпревар 

Picture
Нашите ученички Тиана Трајкова и Цветанка Христова учествуваа  на натпревар во Меѓународната Вајарска Колонија во Черномељ во Словенија. Каде ученичката Тиана Трајкова го освои првото место.

Нашите ученици повторно се враќаат со успех

Picture
На 23.11.2012 година се одржа третиот меѓународен натпревар по камерна музика во Кавадарци. На натпреварот учествуваа ученичките Бранкица Апостолова, Кристина Димова, Ана Вељаноска, Даниела Василева, Елена Тефова и Љубица Јованова кои паралелно го посетуваат и ООМУ ,,Владимир Арсовски,,. Тие настапија во камерни состави и беа оценувани од меѓународно жири и освоија III место. Честитки!

Натпревари

Во училиштето постојано се спроведуваат училишни натпревари а воедно и учениците учествуваат на разни други конкурси /регионални, републички или меѓународни/.
За подетални информации, погледнете ја архивата на нашиот веб портал.

Хор

Picture
Хорот при нашето училиште учествуваше на Регионалните хорски смотри во Кавадарци  и беше меѓу најдобрите хорови. Со тоа се стекна со право на учество на Републичките  хорски смотри.  Хорот  настапи со две композиции под раководство на наставничката М-р Павлинка  Вељаноска и го освои второто место.

КЕНГУР - Меѓународен натпревар по математика

Види интернационални и домашни линкови:
Официјална страна на Кенгур /на француски/
Информации на блог за математика и физика
Официјална страна на Сојузот на математичари на РМ

Сите останати натпревари по математика, заедно со задачи и решенија се објавени на страната на Сојузот на математичари.


POETES EN HERBE - натпревар по француски јазик

Poètes en herbe е еден од поинтересните натпревари по француски јазик за основните училишта во Македонија на кој се натпреваруваат ученици од 5 - 8 одделение на возраст од 11-14 години.
Натпреварот се состои во ликовно и поетско изразување на француски јазик, истиот е интердисциплинарен и има цел да ја поттикнува креативноста кај децата.

Друг важен натпревар по француски јазик е ОЛИМПИЈАДАТА која традиционално се оддржува на Филолошкиот факултет во Скопје а е организирана од Асоцијацијата на професори по француски јазик.


Powered by Create your own unique website with customizable templates.