ПРОЕКТ ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ - PEP

Компонента: ИКТ во образованието
Целта на оваа компонента е: Зголемување на примена на ИКТ преку целиот наставен план во основните училишта
Одговорно лице по оваа компонента е:
Татјана Ј. Симонова
Опис на фотографија: Поправка на компјутерите од страна на УТТП, септември 2007
Спроведени активности по оваа компонента:
Формирање тимови за техничка поддршка
Адаптација на компјутерите за нивна примена во ПУ с. Д.Дисан
Учество на натпревар за најдобро лого
Техничка поддршка на наставен кадар
Мултимедијални творби за натпревар “Волшебниот свет на екологијата“.
Види повеќе...
Компонента: Реновирање згради |
Компонента: Унапредување на оценувањето |
Компонента: Подобрување на наставата по математика и природните науки |
ПРОЕКТ: РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПУ во с. КУРИЈА,

реализиран, декември 2007
Придобивки:
Целосна реконструкција на столарија, електрична инсталација, санација на ѕидни површини, инсталација на водовод и канализација и на нови 4 санитарни јазли. Промена на подните површини.
Проект финансиран од Општина Неготино.
Вкупна вредност на проектот: 590.000,00 ден
ПРОЕКТ: САНАЦИЈА НА САНИТАРНИ ЈАЗЛИ ВО СПОРТСКА САЛА,

реализиран, декември 2007
Проект финансиран од МЦГО.
Вкупна вредност на проектот: 119.000,00 ден
ПРОЕКТ: РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПУ ВО С. ТИМЈАНИК,

По уривањето на училишната зграда во 2000 г. кога за првпат започнаа градежните работи за преадаптација на училиштето во с. Тимјаник, конечно, во 2006 г. училиштето доби нов лик а условите за настава се значително подобрени благодарение на Швајцарската Влада и на Секретаријатот за европски прашања во РМ.
Придобивките од оваа помош се огромни а една од позначајните е дека се подобри соработката со родителите и со ЛЗ кои по завршување на градежните работи, заедно со МЗ дадоа дополнителни донации за подобрување на квалитетот на наставата.
ПРОЕКТ: ПРОМЕНА НА СТОЛАРИЈА И СТАКЛАРИЈА,

Проект спроведен со помош на Норвешката Влада и Секретаријатот за Европски прашања на РМ. Со проектот беа заменети сите прозорци во централната училишна зграда.
Комплетна Донација: € 50 786
Имплементатор: ИМГ
Прочитај Повеќе ... Слики...
преземено од: www.schools.org.mk
ПРОЕКТ: ПРОЕКТ ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ОБРАЗОВАНИЕТО,
реализиран 2006/2007 |
Обуки за наставници Освен ова, со овој проект беше изготвена детална самоевалуација и беше изработен Стратешки план на училиштето за 2006-2008. |
ПРОЕКТ: Е-ШКОЛО.МК
Е-Школо.мк проектот е финансиран од Агенцијата на САД за меѓународен развој (USAID), во соработка со Министерството за образование и наука на Република Македонија, кој ја воведува употребата на новиот концепт на информациска и комуникациска технологија (ИКТ) во образованието. Целите на проектот се да се инсталираат компјутери во секое основно и средно училиште во Македонија и да се обучат наставниците во тие училишта да ја користат технологијата како подршка на иновативната педагогија ученикот да биде во центарот на наставата. Проектот ја унапредува Националната стратегија за развој на образованието во Македонија за да го заснова образовниот процес врз принципите на интерактивна настава, со акцент на креативно учење, критичко размислување, решавање на проблеми и воведување на модерна образовна технологија. Во училиштето беше опремена 1 компјутерска училница со 11 компјутери, донација на Кинеската Влада, приклучени во мрежа со Интернет пристап, и им се спроведе обука на 40 наставници /Иновативно користење на ИКТ во наставата/ .
<<Види повеќе..
ПРОЕКТ: “Рано изучување на францускиот јазик“ /билингвални паралелки/

Во тек на реализација: 2005/2008
Проектот е финансиран од Француската влада и во соработка со Центарот за лингвистичка поддршка при Француската Амбасада, БРО и Министерството за образование на РМ. Истиот се имплементира и во пет други градови на Македонија и опфаќа проектен тим од 24 наставници по француски јазик и одделенска настава а во него се вклучени над 500 деца на возраст од 6 до 10 години.
Види повеќе...
Центар за лингвистичка поддршка www.cledu.org.mk
ПРОЕКТ: КРЕАТИВНА НАСТАВА И УЧЕЊЕ,
реализиран 2005
Овој проект беше финансиран од USAID, во соработка со ФИООМ
Придобивки:
Обука на лидерски тим за спроведување на креативни техники во рамки на наставата - Главна тема:Со читање и пишување до креативно мислење
Изготвување на развоен план на училиштето
Опремување на медијатека со 6 компјутери, Интернет конекција и нови наслови стручна литература
ПРОЕКТ: САНАЦИЈА НА САНИТАРНИ ЈАЗЛИ,

реализиран октомври 2005
Проект спроведен во рамки на Проектот за развој на општините - Македонија /Фонд за социјални инвестиции/, финансиран од Светска Банка и имплементиран во соработка со ЛС на општина Неготино. Вкупен износ потребен за имплементација на микро-проектот: 1.266.115,00 МКД.
ПРОЕКТ: ОТВОРЕНО СПОРТСКО ИГРАЛИШТЕ,

реализиран 2005
Проект финансиран од УЕФА и спроведен во соработка со ЛС на општина Неготино